Пецакoвски си најде „нова работа“, можеби и поисплатлива од ракометар (ФОТО)

Спортистите важат за јавни личности кои привлекуваат внимание. Ракометарите се осбено популарни кај нас, па иако последниве години и нивните плати скокнаа, сепак дополнителните активности им носат и екстра заработувачка.

Не е невообичаено за светските спортисти да снимаат ТВ спотови, музички спотови или реклами за познати брендови. Но малку се македонските спортисти, посебно ракометари што можат да се пофалат со такво нешто.

Меѓу нив е и поранешниот репрезентативец Дејан Пецаковски, кој заедно со неговата сопруга Сања Ристиќ се појавија на флаер од еден познат ланец продавници. Рекламираат предмети за домаќинство, нормално како семејни луѓе.

Пецаковски не е во формата во која го знаеме, барем не на терен…а по ова што го покажува сигурно дека ќе му продолжи успешната кариера, но можеби со друга професија.