Пет ракометарки ја продолжија верноста кон Металург

Женската екипа на Металург задржа дел од ракометарките кои играа и во минатата сезона, а имаа голема улога во тимот. Пет од ракометарките потпишаа нови договори така што ќе продолжат со настапите за екипата од Автокоманда.

Договорите ги обновија Ива Божиновска, Милица Николиќ, Марија Гугуљанова и Амра Илјаз на уште една година. На три години потпиша Марија Петреска.

Металург во новата сезона ќе се бори одново за титулата која ја загуби во последната сезона од Куманово, а ќе игра и во Европскиот куп. Прв противник е составот на Дуделанж од Луксембург, а натпреварите се во октомври.