Пет македонски екипи во европска лотарија

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, ќе се одржи најголемата ждрепка пред стартот на новата сезона.

Од 11:00 часот, ќе бидат влечени двојките за Лигата на Европа и Европскиот Куп во машка и женска конкуренција.

Пет тима од Македонија ќе бидат дел од денешната ждрепка. Еурофарм Пелистер 2 ќе го добие ривалот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, а битолчани ждрепката ќе ја чекаат од првиот шешир, иако тоа нема многу да им помогне.

Четири женски тима – Ѓорче Петров, Металург, Куманово и Чаир, исто така ќе ги дознааат ривалите во второто коло од Европскиот куп. Во првиот шешир е шампионот Ѓорче Петров, додека другите три ќе бидат во вториот шешри.

ЕХФ Европски Куп, жени, 2 коло:

шешир 1: Ѓорче Петров (Македонија), Бриксен (Италија), ПАОК (Грција), Бенфика (Португалија), Валур (Исланд), Х71 (Фарски Острови), Хувента Михаловце (Словачка), Цуг (Швајцарија), Атцгерсдорф (Австрија), Макаби Рамат (Израел), Груде (Босна и Херцеговина), Луги (Шведска), Каерјенг (Луксембург), Азераил (Азерџејбан), Истогу (Косово), Дикен (Финска), Кобержице (Полска), Бјала (Бугарија), Латција (Кипар), Хихон (Шпанија), Наиса Ниш (Србија), Анталија Коњалти (Турција), Славија Прага (Чешка), Квинтус (Холандија), Салерно (Италија), Јонијас (Грција)

шешир 2: Куманово (Македонија), Металург (Македонија), Чаир (Македонија), Мадеира (Португалија), КА Тор (Исланд), Дунајска Стреда (Словачка), Винтертур (Швајцарија), Холон (Израел), Штокерау (Австрија), Борац (Босна и Херцеговина), Дуделанж (Луксембург), Феризај (Косово), Јарослав (Полска), Елче (Шпанија), Унирек (Холандија), Местрино (Италија), Пилаја (Грција), Алавариум (Португалија), Вестманејар (Исланд), Вестфрисланд (Холандија), Ферлах (Австрија), Понтинија (Италија), Каматеру (Грција), Јенимале (Турција), Анагениси Артас (Грција), Вествиен (Австрија), Сан Педро Сул (Португалија)

Лига на Европа, мажи, 1 коло:

шешир 1: Еурофарм Пелистер 2 (Македонија), Савехоф (Шведска), Цирих (Швајцарија), Куенка (Шпанија), Тримо Требње (Словенија), Баја Маре (Романија), Драмен (Норвешка), Агуаш Санташ (Португалија), Констанца (Романија), Лемго (Германија)

шешир 2: Шамбери (Франција), Горњик Забже (Полска), Ференцварош (Унгарија), Ла Риоха (Шпанија), Силкеборг (Данска), Потаиса Турда (Романија), Кристијанштад (Шведска), Кокс (Финска), Колстад (Норвешка), Алпла Хард (Австрија)