Пет екипи од Македонија во евро-лотарија

Денеска во просториите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе се одржи ждрепката за неколку клупски натпреварување во машка и женска конкуренција. Македонија на европска сцена ќе има седум екипи, четири машки и три екипи кај дамите.

Пет тима од Македонија ќе бидат дел од денешната ждрепка. Некогашниот двократен шампион на Европа, Вардар, ќе го добие ривалот во квалификациите од Лига на Европа. Вардарци се наоѓаат во вториот шешир и за можни ривали ги имаат Рајн Некар, Брага, Гранољерс, Иштад и Винтертур.

Тимот на Тиквеш во Европскиот Куп ќе стартува од второто коло, ќе биде носител во денешната ждрепка и може да добие лесен ривал, но и опасен тим од типот на Валур, Металопластика Шабац, финскиот Кокс, израелскиот Хапоел Ашдод…

Трите женски тима – шампионот Ѓорче Петров, вицепрвакот Куманово и амбициозниот Чаир, исто така ќе ги дознааат ривалите во второто коло од Европскиот куп. Ѓорче Петров пред ждрепката за второто коло ќе биде носител, додека Куманово и Чаир ќе се соочат со ривал од првиот шешир.

Ждрепката стартува од 11:00 часот.