Петров ја продолжува одличната форма на Исланд

Македонскиот репрезентативец Костадин Петров продолжува да игра во одлична форма од стартот на сезоната на Исланд.

Составот на Тор Акурејри предводен од Стевче Алушовски беше елиминиран во првото коло од Купот на Исланд, откако загуби од силниот Афтурелдинг со 31-21.

Петров беше најдобар стрелец во тимот на Алушовски и успеа да постигне седум погодоци, додека екс вардарецот Векиќ даде четири.

По елиминацијата од Купот, Тор Акурејри ќе може да се посвети на лигашките натпревари и борбата за елитната конкуренција.