Петров во одлична форма пред Мундијалот

Македонскиот репрезентативец Костадин Петров игра во одлична форма пред стартот на подготовките за Светско првенство.

Неговиот тим Тор Акурејри одигра реми на гостински терен кај Фјолнир, 24-24, иако на полувремето водеше со 11-10.

Петров беше втор стрелец во Тор Акурејри и успеа да постигне шест погодоци во значајното реми на гости кај еден од фаворитите за место во елитата.

Кружниот напаѓач од вторник ќе биде дел од подготовките на сениорската репрезентација за настап на СП.