Петров броеше до 18, Текстилец триумфираше над Риниа

Ракометарите на Текстилец одиграа уште еден добар натпревар и забележаа сигурна победа на домашен терен над Риниа М со 32:26 во 5. коло од плеј-аутот во Првата лига.

Текстилец имаше одлично прво полувреме во кое создаде висока предност кој беше доволна за во продолжение да одигра поопуштено. Отворија со 3:0, а потоа беше и 8:2 за домашниот состав.

До крајот на полувремето Риниа немаше сили да се врати целосно во игра замина на одмор со голема негатива. На полувреме Текстилец водеше 15:7. Сепак во продолжението гостите се заканија, усепаја да се доближат на минус четири но тоа беше сè што направија.

До крајот на дуелот Текстилец без поголеми проблеми го приведе натпреварот до крај и ја забележа четвртата победа. Убедливо најзаслужен за победата беше Васе Петров кој во водеше својот тим до победа со 18 погодоци, во тимот на Риниа, Исмаили со седум гола беше најефикасен.