Петровски и Фасано чекорат кон најдобрите во Италија

Екипата на Јуниор Фасано, во која настапува поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, забележа нова победа во шампионатот во Италија.

Фасано во натпревар од 21. коло од тамошниот шампионат славеше убедлив триумф против екипата на Ромања со десет гола разлика 35:25.

Петровски и колегите победата ја обезбедија уште по првото полувреме, заминаа на пауза со предност од 19:12 и во вториот дел рутински ја одработија задачата.

Македонецот беше меѓу најефикасните во победничката екипа, постигна четири погодоци и запиша неколку асистенции кон своите соиграчи.

Ракометарите на Фасано со новата победа дојдоа до 29 бода, моментално се наоѓаат на 4. позиција, која носи пласман на европска сцена.