Петровски: Густиот распоред е шанса за нас помладите да покажеме што можеме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува незгодно гостување во регионалната СЕХА лига кај Татран Прешов.

Средниот бек Дарио Петровски вели дека густиот распоред е шанса за помладите ракометари од ростерот на битолчани да покажат што и колку можат.

„Имаме густ распоред, играме на секои два три дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници“, изјави Петровски.

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм се игра утре во „Татран Арена“ со почеток во 17:45 часот.