Петковска ја продолжува одличната форма во Израел

Македонската голманка Драгана Петковска ја продолжува одличната форма во израелскиот шампионат во која брани од стартот на сезоната.

Нејзиниот тим Макаби Ришон Ле Зион загуби дома во градското дерби од Хапоел Ришон Ле Зион со 27-25, но таа одново беше меѓу најдобрите во Макаби.

Петковска успеа да забележи 14 интервенции, но ниту тоа не беше доволно за нејзините колешки од нападот да реализираат повеќе голови од ривалот.

По трансферот од Србија во Израел, Петковска има континуитет на добри настапи, а тоа би требало да го радува и селекторот Савевски пред бараж двомечот со Украина.