Петковиќ заминува, ЦСКА Москва ќе бара нов тренер!

Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва ќе мора да бара нов тренер за следната сезона во која има големи амбиции.

Велимир Петковиќ не е повеќе тренер на ЦСКА, а московскиот клуб денеска неочекувано ја објави оваа вест.

Во соопштението е наведено дека Петковиќ ќе се концентрира на работата со машката репрезентација на Русија, иако преовладува мислењето дека тој не ги оправда очекувањата на раководството.

ЦСКА Москва и оваа сезона остана во сенка на Чеховски Медведи, а Петковиќ за помалку од една сезона мина на клупата 34 натпревари, но не успеа да ги симне „мечките“ од тронот.