Петка за Манасков, Веспрем победнички во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков одигра одличен натпревар во унгарскиот шампионат.

Тој постигна пет гола против НЕКА во триумфот со 24-33, и ја продолжува успешната низа по враќањето на теренот.

Манасков беше втор стрелец во Веспрем, а најдобар беше Петер Лукач со седум погодоци. Интересен факт е што полуфиналистот во ЛШ губеше на пауза со 17-16.

Веспрем ќе го обезбеди првото место во Унгарија во регуларниот дел, и ќе ја има предноста на домашен терен во финалето на плеј-офот со ПИК Сегед.