Петар Атанасијевиќ: Ја освоивме титулата во тешка сезона

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја затворија шампионската сезона во Суперлигата, откако битолчани на домашен терен го совладаа Тиквеш со 35-26..

Младиот член на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ, кој дадената минутажа во оваа сезона максимално ја искористи, ги сподели своите доживувања по освоената прва титула во својата кариера.

,Ова ми е прва титула во кариерата, претходните години сме биле блиску до титулата, ни била во раце, но никако не можевме да ја освоиме. Годинава конечно ја остваривме целта и дојдовме до освојување на титулата во една тешка сезона, која беше проследена со подеми и падови. Во Лигата на шампионите сигурно ќе може да очекувате да играме многу мотивирано пред оваа прекрасна публика”, изјави Атанасијевиќ.

Пелистерци во оваа сезона го одбранија трофејот во Супер купот, додека во Купот на Македонија беа поразени во финалето од Вардар.

БИТОЛЧАНИ ОД БАЛКОНИ ГИ ПОЗДРАВИЈА НОВИТЕ ШАМПИОНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)