Перфекција на Костески, Холабрун убедлив против Кремс

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, стигна до втора победа.

Во третиот натпревар од австриската Втора лига, Холабрун на домашен терен беше убедлив и го победи составот на Кремс со 33-23.

Десното крило Костески беше стрелец на осум гола од осум обиди и ја доби наградата за МВП на натпреварот.

Десниот бек Влатко Митков постигна два гола на овој дуел.