Перфекција за Митревски и Порто – девет победи на девет меча

Португалскиот првак Порто ја забележа деветтата победа во деветтиот натпревар во домашниот шампионат.

На домашен терен тимот каде брани Никола Митревски немаше никакви проблеми со тимот на Спортинг Хорта и победи со 20 голови разлика, 39-19.

Македонскиот репрезентативец бранеше во второто полувреме на овој натпревар и успеа да забележи четири интервенции oд 15 упатени удари кон неговиот гол.

Порто во среда го чека тежок меч со ПСЖ на домашен терен, а веќе следниот викенд ги чека дуел со Спортинг во Лисабон.

Порто, Спортинг и Бенфика се трите екипи што се на делба на првото место и немаат загубено досега ниеден бод.