Периќ: Ќе беше фер да освоевме барем бод!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го загубија првиот официјален натпревар во новата сезона.

Избраниците на Жељко Бабиќ беа поразени кај ГОГ Гудме со минимални 30-29, иако заслужија најмалку бод на овој натпревар.

Како и Бабиќ, така и Периќ има измешани чувства.

„Како што кажа мојот тренер, јас сум тажен за поразот од ГОГ, но во исто време сум среќен што одигравме натпревар по долга пауза. Ова беше наш прв меч по осум месеци. Го контролиравме натпреварот, ги почитувавме сите договорени тактики. Ќе беше фер ако освоевме барем бод на овој натревар, но тоа е спортот“, вели Периќ.

Следниот натпревар Еурофарм Пелистер ќе го игра на домашен терен против швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Еурофарм Пелистер немаше среќа во финишот, со минимален пораз се враќа од Данска

Бабиќ: Тажен сум за поразот, но во исто време и горд на играта на момците!