Бабиќ: Тажен сум за поразот, но во исто време и горд на играта на момците!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го загубија првиот официјален натпревар во новата сезона.

Избраниците на Жељко Бабиќ беа поразени кај ГОГ Гудме со минимални 30-29, иако заслужија најмалку бод на овој натпревар.

Стратегот на битолчани смета дека најважно е што повторно се игра ракомет.

„Среќен сум што повторно играме ракомет. Малку ми е криво што загубивме, тажен сум, но истовремено сум горд на играта на моите момци. Да играте против ГОГ е многу тешко и морате да трчате 60 минути, да бидете концентрирани во текот на целиот меч. На крајот ние го имавме последниот шут. Задоволен сум бидејќи игравме натпревар после осум месеци. Се надевам дека ќе биде подобро на следниот натпревар. Едвај ги чекам следните натпревари, ракометот е мојот живот. мојата работа. Не сакам да седам дома, без стрес и без натпревари“, вели Бабиќ.

Следниот натпревар Еурофарм Пелистер ќе го игра на домашен терен против швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Еурофарм Пелистер немаше среќа во финишот, со минимален пораз се враќа од Данска

Периќ: Ќе беше фер да освоевме барем бод!