Периќ за 24 Ракомет ТВ: Болно е…

Ракометарите на Еурофарм Пелистер беа на чекор да ја израдуваат Битола и по подолга пауза конечно да и донесат Куп трофеј, но кога најмногу требаше, избраниците на Жељко Бабиќ попуштија и дозволија екипата на Вардар да го одбрани трофејот во Купот на Македонија, триумфирајќи со гол кој беше постигнат во последната секунда за 23:22. Капитенот на тимот од Битола, Јосип Периќ, немаше зборови со кои би го опишал болниот пораз и пропуштената шанса со титула да ја заврши сезоната во Еурофарм Пелистер.