Пенал мајстори: Македонските голманки им одбранија четири седмерци на Босанките!

Женската младинска репрезентација на Македонија стартуваше со убедлив триумф на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Македонските младинки триумфираа над селекцијата на Босна и Херцеговина со 11 голови разлика, 39-28.

Покрај одличните партии во нападот на Миновска, Јанкуловска, Коларовска и Ризоска, и трите голманки на Македонија пружија исто така одлична игра со 15 одбрани.

Марија Јовановска успеа да одбрани 10 удари (40%), од кои еден седмерец, Ема Кирова мина кратко време на теренот и запре еден седмерец, додека Јована Трајкоска успеа да запре четири противнички шута (27%), а меѓу нив и два седмерци на противничките.

За одличниот настап на голманките, дел од заслугите одат на адреса на Тања Андреева, која е тренер на македонските чувари на мрежата.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Фарски Острови в понеделник од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.