Пелко ја заврши авантурата во Бундес лигата, од јануари се враќа во Асобал

Словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко, кој лани беше дел од Вардар, на крајот на оваа година ја завршува бундеслигашката авантура.

Екс вардарецот беше позајмен во Фленсбург, кој имаше големи проблеми со повредени ракометари на пикерската позиција.

Повредените Гола, Халд и Хајнл веќе се вратија во стројот на тренерот Мајк Махула, па Пелко иако имаше одлични партии, од јануари се враќа во Асобал лигата.

Тој ќе настапува за тимот на Ла Риоха со кој потпиша договор на две сезони, но се уште нема одиграно официјален натпревар за шпанскиот тим.