Пелистер и Спартак го поделија пленот во Битола

Во интересна средба екипите на Пелистер и Спартак одиграа натпревар кој финишираше без победник, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден освоен поен.

И двата состави имаа по едно полувреме. Спартак одигра подобро во првите 30 минути во кои успеа да дојде и до предност од пет погодоци. Се избори за 16:11 и овие пет гола се чинеа како доволни за да може да се обезбеди победа на овој дуел.

Сепак, второто полувреме ги измени работите. Домашните почнаа да играат многу подобро. Анчева имаше четири гола во серија за намалување на негатаива, а брзо потоа Пелистер успеа и да поведе со 23:22.

После ова водство се продолжи со игра гол за гол, па до крајот само следуваше уште по некој погодок за конечни 25:25 и поделба на пленот.

ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК  25:25 (11:16)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 200. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ПЕЛИСТЕР: Богоевска, Огненова, Наумовска, Пецовска, Босиловска 1, Анчева 10, Раиф 1, Кајческа 1, Милосављевиќ 1, Талевска 4, Каковска 1, Нечовска, Белевска 3, М. Јанкуловска 2, В. Јанкуловска, Стојанова 1.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 4 мин.

СПАРТАК: Филиповска, Самарџиска, Андонова, Китановска 3, Костадиновска 2, Георгиевска, Младеновска, Стефановска 7, Величковска 8, Димитрова 2, Ивона Кимовска, Ива Кимовска, Кузмановска, Домазетоска 2, Неделковска 1.

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 14 мин.