Пелистер ги освои бодовите кај Кузман Вардар во Илинден

Екипата на Пелистер имаше триумфално гостување во Илинден кај екипата на Кузман Вадрар каде што во рамки на 12. коло од Женската лига славеше победа од 34:26.

Натпреварот во првиот дел беше доста изедначен, претежно се играше гол за гол. Во завршните минути од првото полувреме Пелистер успеа да поведе со 12:9, но не го задржа водството и на полувреме замина со 14:13.

Продолжението донесе поквалитетна игра на Пелистер кој се одлепи на предност од пет гола во почетните минути од вториот дел. Оваа серија се чини беше одлучувачка за победникот на овој натпревар. До крајот на мечот ракометарките на Вардар Кузман Илинден не успеаја да се вратат во дуелот и забележаа нов пораз.

Најдобра во составот на Кузман Вардар беше Ивана Блажевска со 11 гола но и заработи црвен картон во 56 минута од дуелот. Втор стрелец беше Мила Филипова со осум гола. Во победничката екипа Анчева Марија беше убедливо најефикасна и најзаслужна за победата со 15 погодоци.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ПЕЛИСТЕР  26:34(13:14)

Сала: Гоце Делчев во Илинден. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски. Делегат: Љупчо Јаневски.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Ѓорѓиева 3, Додевска, Тодоровска 1, Чавдарова, Бојковска 2, Петровска, Ристевска, Буразер, Блажевска 11, Филипова 8, Кириловска, Англовска 1, Русевска, Спасовска, Стојановска.

Седмерци: 3/6. Исклучувања: 8 мин.

ПЕЛИСТЕР: Талевсак 3, Милсављевиќ 3, Белевска 2, Анчева 15, Стојанова 7, Соколеска, Богоевска, М.Јанкуловска 1, Босиловска 1, Наумовска, Кајческа 1, Јанкуловска, Нечовска, Раиф, Пецовска.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 12 мин.