Пелистерци „запалија“ мотори, ќе се подготвуваат во Битола и во Хрватска

Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг, на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.

На Европското првенство ќе играат Маџовски, Велковски, Костески, Радовиќ, Периќ и Секељ. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Иван Димитровски, Филип Арсеновски и Никола Стоилевски во првиот дел на подготовките ќе тренираат со екипата на Еурофарм Пелистер.

Вицешампионот ќе се подготвува во Битола до 23 јануари, а потоа ќе замине во Хрватска на зимска мини-турнеја.

Таму ќе бидат одиграни три меча, на 24 јануари против Целје, на 26 јануари против Сесвете и на 28 јануари против Загреб.

Битолчани ќе бидат активни во Суперлигата и во Купот на Македонија, како и во регионалната СЕХА лига и во Лигата на Европа.