Пелистерци во Маврово – од прв ден со напорни тренинзи (ФОТО)

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер од денеска ги одработуваат подготовките во Маврово.

Во следните 12 дена, избраниците на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, ќе работат напорно за да спремни да го дочекаат стартот на новата сезона.

По Маврово, подготовките продолжуваат во Битола, пред настапот на двата турнири во Добој и Охрид.

Првиот официјален натпревар би требало да биде Суперкуп дуелот со Вардар, за кој допрва ќе биде дефиниран терминот.

Суперлига стартува на 9/10 септември, додека првиот меч во Лигата на шампионите против Колстад ќе се игра на 13/14 септември.