Пелистерецот Радовиќ ќе ја предводи Црна Гора во битката за ЕП

Селекторот на Црна Гора, Владо Шола, го објави скратениот список на ракометари што ќе бидат дел од последните две кола од квалификациите за ЕП 2024 година.

Шола ќе смета на 19 ракометари за последната акција за оваа сезона, а меѓу и нив и капитенот на Еурофарм Пелистер и Црна Гора, Мирко Радовиќ.

На списокот се стандардните ракометари, кои и досега беа дел од националниот тим, а ново име е голманот на Извиѓач, Харис Сулјевиќ.

Црна Гора на 27 април ќе гостува во Приштина кај Косово, додека на 30 април ќе се соочи во Подгорица со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Црногорците имаат 4 бодови, но се очекуваат да немаат проблеми да го освојат второто место и да го потврдат местото на континталниот собир.