Пачковски го раскина договорот со Мешков – може да го засили Келце

Павел Пачковски како и што најави пред неколку дена го раскина договорот со Мешков Брест, а според најавите остатокот од сезоната тој би можел да го помине во редовите на Келце.

29-годишниот ракометар како и останатите странци ја напуштија Белорусија веднаш по нападот на Русија врз Украина.

„Не сакам да се вратам во Белорусија, меѓу другото тука се работи и за морален аспект“, потврди полскиот репрезентативец.

Претседателот на полскиот клуб Бертус Сервас потврди дека Пачковски би можел да го засили Келце, но засега не е ништо сигурно.

„Павел сака мирно да се опорави. Нема да брзаме и сигурно ќе останеме во контакт. Треба да се разгледаат неколку точки. Кога ќе се врати Сигвалди ќе имаме еден играч повеќе. Павел не може да игра во Лигата на шампионите, а немаме уште многу натпревари. Мораме се да разгледаме, но ниту една можност не е исклучена“, изјави Сервас.

Не е исклучена и можноста Пачковски сезоната да ја заврши во друг суперлигашки клуб. Ќе потсетиме Ракометната федерација на Полска воведе посебно правило според кое полските и украинските ракометари кои играат во белоруски и руски клубови можат да се приклучат на суперлигашките и прволигашките тимови.