Патуваа три дена и повеќе од 2.000 километри за да се вратат дома!

Авионските линии се целосно прекинати, а границите затворени што ги примора ракометарите кои играат во странски клубови да бараат начин како ќе се вратат во своите земји.

Црногорските интернационалци Адмир Пелидија и Теа Мариновиќ кои настапуваа во Франција имаа долго патешествие до Црна Гора. Од западот на Франција до Црна Гора тие мораа да поминат повеќе од 2.000 километри низ најпогодените земји од коронавирусот со автомобил.

„Тргнавме на 30. мај, а стигнавме на 1. јуни. Патувавме со конвој автомобили од Франција, првата ноќ спиевме во Словенија а втората ја поминавме во Дубровник. Патувањето низ Италија беше како во хорор филмови. Немаше никој, сретнавме само неколку автомобили. Низ Милано имаше малку луѓе, останатото се беше празно. Во останатите држави се забележува дека животот се враќа во нормала. Имав среќа што патувавме заедно со Теа, многу би ми било тешко да патував сам“, рече Пелидија за „МНЕ Рукомет“.

Пелидија настапуваше за второлигашот Бијер, додека Мариновиќ бранеше во третолигашот Ангуелм. Двајцата интернационалци заминуваат од досегашните клубови и ќе бараат нов ангажман за продолжување на кариерата.