Партизан сака да се вмеша во борбата за титули, сехалигашот донесе шест засилувања

Новата сезона во српскиот шампионат ќе биде интересна, бидејќи Партизан со најновите засилувања ќе ја напаѓа фаворизираната Војводина во борбата за првото место.

Партизан во претходната сезона заврши на второто место во Суперлигата на Србија и избори учество во СЕХА лигата. Клубот за новата сезона ги зголеми своите амбиции и донесе квалитетни засилувања.

Младинскиот репрезентативец на Србија, Урош Којадиновиќ потпиша тригодишен договор со Партизан. Десното крило на младинската репрезентација на Србија во дресот на Спартак Суботица во изминатата сезона постигна 106 гола на 22 одиграни натпревари.

Освен Којадиновиќ во Партизан ќе пристигне и искусниот ракометар од Железничар Ниш, Борис Радивојевиќ. Тимот ќе биде комплетиран и со останатите засилувања – некогашниот ас на Вардар и Металург Александар Стојановиќ, потоа Немања Живковиќ, Ѓорѓе Писариќ и Никола Зечевиќ.

Клубот за наредниот период планира уште неколку нови ракометари. Освен Партизан, на Војводина сигурно нема да и биде лесно ниту против засилените и амбициозни Црвена Звезда и Металопластика.