Палевски го продолжи договорот со Пролет

Давор Палевски и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Пролет откако потпиша нов едногодишен договор со тимот што сезонава играше во плеј-аут.

Палевски дојде во редовите на Пролет пред две сезони од екипата на Работнички. Тој беше меѓу најстандардните ракометари во тимот на Пролет и меѓу најдобрите стрелци.

Пролет претходно потпиша нови договори и со капитенот Ласко Андоновски и десното крило Мартин Димов, а како ново засилување пристигна македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски.

Наскоро треба да биде решено и тренерското прашање во екипата на Пролет, а најголем фаворит за клупата е Гино Стрезовски.