„Палевме оган без запалка и спиевме на отворено на дожд“

Ракометарите на најдобрата екипа од Словенија, Целје подготовките ги започнаа на необичен начин. Тие беа неколку дена во дивина за подобрување на атмосферата во тимот.

Хрватскиот голман Филип Ивиќ кој во од оваа сезона е дел од Целје во интервју за sportske.jutarnji.hr објасни како помина необичниот тим билдинг и сподели некои интересни случки.

„Малку е претерано да кажеме дека беше преживување, повеќе беше запознавање со природата. Тројца специјалци ни покажуваа многу корисни работи за снаоѓање во природа. Спиевме во вреќи, учевме како да поставиме шатор, палевме оган без запалка, научивме како да го одржуваме оганот цела ноќ додека врне дожд. Го доживеавме и тоа – спиевме на отворено на дожд. Имавме различни игри и натпревари, беше одлично ваквата практика е корисна за зближување на играчите во екипата“, раскажа Ивиќ.

Екипата на Целје ги продолжува подготовките, а Хрватот Ивиќ е многу задоволен од условите кои ги има во Словенија. Тој со нетрпение го очекува стартот на новата сезона после паузата за која смета дека е предолга.

„Колку и да сме млади, сите што се занимаваме со професионален спорт имаме ситни повреди. Оваа пауза добро ни дојде да ги средиме сите проблеми што не мачеа. Единствен проблем е што ова трае предолго, два месеца беа доволна пауза. Најпосле се враќам во форма и тука имам сè што е потребно како што имав додека бев во Загреб. Важно ми е да имам тренер само за голманите. Многу се радувам на настапите во Лигата на шампионите и со нетрпвение очекувам да ги покажам своите квалитети“. рече Ивиќ.

Филип Ивиќ подолг период го бранеше голот на Загреб пред да замине во Келце во 2016 година. Минатата сезона бранеше во екипата на Гумерсбах, а од оваа сезона има нов предизвик во шампионит на Словенија.