Падот на Веспрем во битолската тврдина…(ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Работник направија големо изненадување и го совладаа големиот фаворит Веспрем со 26-24 во третото коло од регионалната СЕХА лига.

Иако унгарскиот гигант допатува во Битола со најсилен состав (без лесно повредениот Штербик и вирусниот Ненадиќ), сепак не можеше против расположениот домаќин.

Овој триумф се чини дека е награда за „фармацевтите“, кои досега имаат три порази во Лигата на шампионите од по еден погодок.

Следен предизвик за Еурофарм Работник ќе биде дуелот со Загреб од СЕХА лига во сабота на гостински терен. Како изгледаше падот на гигантот во Битола, погледнете во продолжение…