Падна рекордот на Кире: Сагосен од денеска е прв на вечната листа

Најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен од денеска е нов рекордер на вечната листа на стрелци на Европските првенства со 65 погодоци. Тој реализираше четири гола на натпреварот против Словенија во битката за 3. место и со нив успеа да го мине капитенот на Македонија, Кирил Лазаров, кој останува на 2. позиција.

Сагосен имаше одлично првенство, а иако се водат девет натпревари тој одигра осум бидејќи на натпреварот против Словенија одмораше откако сè беше решено претходно односно се знаеше дека Норвешка ќе игра во полуфиналето.

Денеска на Сагосен му беше потребен само еден гол за да успее да се најде на врвот на листата бидејќи вчера се израмни со Лазаров на вечната листа. Успеа да дојде до голот за рекорд во 9. минута од натпреварот, па рано почна со поставувањето на нов рекорд кој сега изнесува 65 гола.

Ова ќе биде следен предизвик за сите ракометари на Европското првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.