Падна договор: Русија и Украина ќе играат во Белорусија

Репрезентациите на Русија и Украина ќе мораат да ги одмерат силите во групната фаза од квалификациите за Европското првенство, а поради политичката ситуација меѓу двете земји не е можно натпреварите да се одиграат според предвиденото.

Оттаму одлуката е средбите да се играат на неутрелен терен, а за домаќин е избрана Белорусија. Средбите ќе бидат одиграни на 5 и 7 ноември во Минск.

„Европската ракометна федерација имајќи ги предвид сите проблеми во нашата група за ЕП 2022 направи ажурирана верзија на календарот која беше одобрена од сите земји. Натпреварите меѓу Украина и Русија ќе се одвиваат во 1. и 2. коло и тие ќе бидат на неутрална територија. Постигнат е прелиминарен договор натпреварите се одиграат во Минск и тоа на 5 и 7 ноември“, велат од Ракометната федерација на Украина.

ЕХФ не внимаваше на овој момент, па затоа мораше вака да реагира бидејќи може да дојде до проблеми доколку се судрат двете селекции пред домашна публика особено поради жешката ситуација на политичката сцена.