Павлов ефикасен, Ферлах реди победи во Австрија

Тимот на Ферлах, каде што настапува десниот бек Хари Павлов, забележа победа во 12 коло од австрискиот шампионат.

Ферлах на домашен терен беше подобар од тимот на што ги елиминира Бутел и Еурофарм Пелистер 2 во ЛЕ – Алпла Хард, со 29-25.

Македонскиот десен бек беше меѓу најефикасните во составот на Ферлах со четири гола од шест обиди.

Ферлах го предводи некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски, а по 12 кола во Австрија, се наоѓа на петтото место што води во плеј-офот со осум победи и четири порази.