Охриѓани ја креваат формата, со плус седум на генералката

Екипата на Охрид уште еднаш потврди дека и во новата сезона ќе биде со улога на фаворит за висок пласман, а тоа се виде на генералната контрола против Струга на домашен терен. Охриѓани победија со 27:20 така што успешно ги финишираат подготовките пред стартот на новата сезона.

Во текот на првото полувреме Охрид имаше предност од 13:11, а овие два гола позитива во продолжението од натпреварот беа зголемени за до крајот на средбата да се дојде до плус седум.

Со ова Охрид влегува во новата сезона успешно и покажува дека повторно ќе биде во трка за висок пласман.