Охриѓани со победа за Џамбо против вечниот езерски ривал

Екипата на Охрид дојде до три бода на дуелот против Струга од 21:20 во натпревар во кој можеше да се забележи дека сите играа колку да ја одработат задачата и без воопшто мотив.

Оваа победа доаѓа за крај на натпреварите на домашен терен, а воедно е и за збогување со починатиот играч на тимот, Никола Даниловски – Џамбо.

Охриѓани беа во предност во текот на целата средба. Имаа повеќе од играта иако на теренот беа главно ракометари кои немаа голема минутажа сезонава. Сепак, успеаја да ја одработат својата задача и го направија она што се очекуваше од нив.

После 14:10 на полувреме во вториот дел од средбата се играше мирно. Стружани беа рамноправен ривал и успеаја да се одржуваат во разлика која даваше можност за добар резултат. Во финишот дури Струга се најде и во шанса за реми. Имаше три секунди за гол и 21:21, но имаше прекршок, а потоа последниот шут беше околу 15 метри од голот на Брауновиќ и немаше можност за удар за гол.

Со тоа Охрид освои три бода со победа од 21:20, а со овој триумф воедно охриѓани се најдоа веднаш до Бутел Скопје и после ова коло имаат ист број на бодови.

1 јуни 2021
21 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
1 јуни 2021 20:32 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 01.06.2021 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1421Победа
СТРУГА1020Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
5Мартин Ивановскицентрален бек03
7Бобан Блажескидесно крило00
8Наум Костовдесно крило02
10Филип Николовдесен бек15
11Михаил Иваноскидесен бек11
12Христијан Коваческиголман00
13Борче Соколовцентрален бек04
14Михајло Младеновиќлев бек12
17Владимир Наумоски-00
24Мартин Манасковлев бек00
31Славчо Шулески-01
35Николче Ристескилево крило11
55Христијан Димитриескипивот01
94Денис Тотдесен бек01
 Вкупно 421

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-13
4Христијан Крстаноскилев бек14
5Бобан Савески-03
6Никола Стрезоски-00
11Тодор Јанкулоскидесно крило04
16Марио Стојаноски-00
24Ненад Костоскилево крило01
44Дарио Симоноскипивот10
55Филип Пајкоскипивот01
77Никола Цветаноскилев бек14
 Вкупно 420

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
НАУМОВСКИ РУСЕ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515