Охриѓани и битолчани одиграа без победник во Маврово

Двата суперлигаши Охрид и Еурофарм Пелистер 2 денес во Маврово го одиграа првиот меѓусебен пријателски натпревар.

Избраниците на Горан Андоновски иако на полувреме имаа четири гола разлика, 14:10, сепак, младите „фармацевти“ со подобрата игра во вториот дел се изборија за нерешен резултат, 25:25.

Овие две екипи, кои втората фаза од подготовките ја одработуваат во Маврово, на 16 август ќе го одиграат вториот пријателски дуел.

Покрај настапите на домашна сцена во Суперлигата и во Купот на Македонија, младите битолчани ќе бидат дел и од Лигата на Европа каде ќе се соочат со австриската екипа Алпла Хард.

Охриѓани изминатата сезона не изборија место на европска сцена, па во новата сезона ќе играат само во домашниот шампионат и во Купот на Македонија.