Охрид стартува со подготовки на почетокот на август

Екипата на Охрид подготовките за новата сезона ќе ги стартува на почетокот на месец август. Тренерот, Раде Стојановиќ на располагање ќе го има речиси истиот состав од изминатата сезона.

По заминувањето на еден од носителите на играта, Денис Тот во Бутел, како и искусниот пикер, Игор Чагаљ во Базел, Охрид ќе мора да бара нивни замени.

Доаѓа десен бек од Србија, Алекса Милошевиќ, кој има 23 години и беше меѓу најдобрите стрелци во српскиот шампионат. Ќе бидат ангажирани голман и пивот, а веројатно и среден бек.

Договорите со тимот ги продолжија Јагош Брауновиќ, Филип Николов, Иван Тасески, Крсте Андоновски, како и Мартин Манасков.

Во завршената сезона, Охрид одигра под своите можности во плеј-оф групата и не обезбеди место на европска сцена. Пред стартот на новата, Охрид ќе одигра неколку пријателски натпревари и не е исклучена можноста за учество на некој турнир.