Охрид се пофали – потпишаа дваjца грузиски репрезентативци

Раководството на Охрид активно работи на трансфер пазарот во пресрет на новата сезона.

Како што наjaви 24Ракомет пред неколку дена нови ракометари на охридскиот тим се левото крило Хазеин Рустамов и голманот Зураб Цинцадзе.

Тие досега го носеа дресот на суперлигашот Прилеп, а потпишаа договори на две сезони со Охрид.

Претходно беше промовиран тренерот Горан Андоновски, бековите Тоше Ончев и Даниел Андоновски, а договорите ги продолжиja Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристиjaн Димитрески.