„Гладијаторите“ на тестови со најдобрите македонски екипи

Суперлигашот Охрид денеска ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2023/24, во која клубот влегува со сериозни амбиции.

Екипата во новата сезона ја предводи некогашниот истакнат македонски репрезентативец Стевче Алушовски.

Тимот на Алушовски во првата фаза од подготовките ќе тестира против Еурофарм Пелистер и Вардар.

Пријателскиот меч со шампионот на Македонија ќе го одигра во Охрид, додека тест дуелот со Вардар во Маврово.

Охрид го очекува и организација на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ со осум екипи од 23 до 26 август.

Ракометарите на Охрид во новата сезона од регуларниот дел во Супер лигата за ривали ги имаат Струга, Куманово, Тиквеш, Аеродром, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид.

Амбициозниот Охрид означи старт на подготовките (ФОТО)