Охрид донесе десно крило – потпиша Црногорецот Чејовиќ

Раководството на Охрид продолжува со формирање на ростерот за следната сезона во која амбициите ќе бидат големи.

Последно име што го засили тимот на Горан Андоновски е десното крило од Црна Гора, Балша Чејовиќ.

Цејовиќ иако има само 22 години, има голема кариера зад себе. Има настапувано за Морнар Бар, за ПАОК и Диомидис Аргус во Грција и Бенидорм во Шпанија.

Има настапувано во сите младински категории за Црна Гора, а беше и на поширокиот состав за Европското првенство оваа година за сениорската репрезентација.

Претходно Охрид се засили со Виктор Василевски, Хазеин Рустамов, Стефан Бошкоски, Зураб Цинцадзе, Никола Грубиќ, Владимир Бојаниќ, Даниел Андоновски и Тоше Ончев.