Охрид договори тест средби – ќе игра против Аеродром, двете екипи на Еурофарм Пелистер, Тиквеш…

Ракометарите на Охрид продолжуваат со темпирањето на формата за стартот на новата сезона во Суперлигата.

По одличните настапи на Струшкиот турнир и одиграните четири средби, избраниците на Раде Стојановиќ одиграа уште еден контролен меч и го добија убедливо против Тиквеш.

Сега договорени се уште два натпревари, за утре против тимот на Аеродром, и задутре против тимот на Еурофарм Пелистер 2.

На 29 август охриѓани би требало да играат со Еурофарм Пелистер, додека на 2 септември против Тиквеш во Кавадарци, а во меѓувреме би можела да биде договорена и средба со локалниот ривал Струга.