Охрид го задржа искусниот пивот, Тасески доби нов договор

Екипата на Охрид која во последната сезона не успеа да с енајде меѓу екипите кои обезбедија место во европските купови го крои тимот за следната сезона, а прв кој ја продолжи соработката е искусниот пивот, Иван Тасески.

Ракометарот кој е веќе долго време во составот на Охрид доби нов договор и тој ќе биде на пивотменската позиција и во следната сезона.

Тасески е верен на клубот уште од почетокот на кариерата така што тој е играч со најголемо искуство во дресот на Охрид.

Секако неговото останување ќе значи многу, а наскоро може да се очекува да има и нови имиња и да се подготвува ростерот за следната сезона.