Охрид веќе работи за следната сезона – донесе хрватски лев бек!

Тимот на Охрид веќе работи активно на формирањето на ростерот за следната сезона, во која може да избори учество на европска сцена.

Прво засилување за охридскиот клуб, е Хрватот Рудолф Ѕвонимир Сафранко, кој потпиша договор на две сезони.

23-годишниот Хрват (196/99) игра на позиција лев бек и доаѓа од тимот на Амичитија Цирих од Швајцарија, каде има просек од 6.1 голови по натпревар.

Сафранко ја започна кариерата во Загреб, потоа настапуваше за Умаг, словенечка Добова, пред да замине во тимот од Швајцарија.

Има над 20 настапи за сите младински категории на хрватската репрезентација.