Официјално: Шпанецот Виран Морос се сели во Швајцарија!

Шпанскиот ракометатар Виран Морос кој важи за еден од најдобрите дефанзивци кариерата ќе ја продолжи во редовите на Винтертур.

Морос на Винтертур ќе се придружи во сезоната 2022/2023, а пристигнува од германски Фуксе Берлинг. 199 сантиметри високиот Шпанец се смета за еден од најдобрите дефанзивци во овој момент па секако се очекува да биде големо засилување за тимот на Винтертур.

„Бев импресиониран од тоа колку Винтертур покажа интерес за мене, ми се допаѓа овој предизвик. Почестен сум што се уште има интерес за мене, ова ќе биде едно сосема ново искуство за мене. Убеден сум дека донесов правилна одлука во кариерата. Ракометот во Швајцарија во последниот период навистина напредува, а доказ за тоа се и големите трансфери. Со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура“, изјави Морос.

Во својата кариера Морос најголем дел помина во Шпанија играјќи за Барселона, Атлетико Мадрид и Адемар Леон, а покрај Фуксе Берлин настапуваше и во дресот на ПСЖ. Зад себе во кариерата Морос има вкупно 14 титули во домашните првенства во Франција и Шпанија, како и три титули во Лигата на шампионите.