ОФИЦИЈАЛНО: Урош Зорман ќе биде тренер на Тримо Требње!

Иако веќе „беше виден“ на клупата на словенечкиот шампион Целје, Урош Зорман сепак ќе има друг предизвик во кариерата. Она што беше најавено пред еден месец, дека беше официјализирано.

Зорман се договори со раководството на Тримо Требње, кој заврши на третото место во минатата сезона и ќе игра во европските купови.

По завршувањето на играчката кариера, Зорман две години му беше асистент на Талант Душебаев во Келце, а истата улога ја има и на клупата на словенечката репрезентација.

Лани беше на чекор да го преземе европскиот првак Вардар, но транферот се изјалови во последен момент и Словенецот остана во Келце, а во Скопје дојде Давид Писонеро.