СЕНЗАЦИЈА во Словенија: Зорман го презема Тримо Требње?!

Иако веќе „беше виден“ на клупата на словенечкиот шампион Целје, Урош Зорман сепак ќе има друг предизвик во кариерата.

Словенечка „Екипа“ тврди дека Зорман веќе се договорил да го преземе тимот на Тримо Требње, кој заврши на третото место во штотуку завршената сезона и ќе игра во европските купови.

Иако двете страни не сакаат да коментираат за овој договор, сепак „Екипа“ тврди дека договорот е постигнат.

По завршувањето на играчката кариера, Зорман две години му беше асистент на Талант Душебаев во Келце, а истата улога ја има и на клупата на словенечката репрезентација.