ОФИЦИЈАЛНО: Томислав Кушан од Еурофарм Пелистер замина во Вецлар!

Како што најави 24Ракомет пред три дена, тимот на Еурофарм Пелистер остана без хрватскиот интернационалец Томислав Кушан.

Бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на кружниот напаѓач, кој беше обврзан на договор со битолскиот клуб до јуни 2022 година. Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар.

Во периодот минат во Битола, Томислав Кушан го освои Суперкупот на Македонија и пак заигра за националната репрезентација на Хрватска.

Битолчани на оваа позиција остануваат со Елмир Граџан и со Никола Маркоски, но многу веројатно тренерот Жељко Бабиќ ќе побара и трета опција.