ОФИЦИЈАЛНО: Сања Дабевска потпиша за ПАОК!

Како што најави 24Ракомет, репрезентативката на Македонија, Сања Дабевска својата кариера ќе ја продолжи во актуелниот шампион на Грција, ПАОК.

Раководството на клубот од Солун денес ја претстави Дабевска како ново засилување за остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23, во која тимот ќе ги брани двете титули во домашниот шампионат.

Дабевска во есенскиот дел од сезоната настапуваше за Локомотива Загреб, клуб кој што се натпреварува во Лигата на шампионите, но одлучи да си замине од хрватската престолнина.

Репрезентативката на Македонија претходно настапуваше за Дева од Романија, го носеше дресот и на некогашниот европски шампион – унгарскиот Дунајварош, а беше дел и од грчкиот Јонијас, така што нема да има никакви проблеми околу адаптацијата во Грција.

Во Македонија играше за Универс од Гостивар, Металург, Куманово и Пелистер. Со дел од македонските клубови учествуваше на европска сцена.

Дресот на клубот од Солун го носи и повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска.

Сања Дабевска замина од Локомотива Загреб, ќе има нов предизвик во кариерата