Сања Дабевска замина од Локомотива Загреб, ќе има нов предизвик во кариерата

Репрезентативката на Македонија, Сања Дабевска има нов клуб во својата интернационална кариера.

Дабевска, која на почетокот на оваа сезона ги засили редовите на хрватскиот шампион Локомотива Загреб, одлучи да направи камбек во Грција.

Кружниот напаѓач во остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе настапува за шампионот на Грција, ПАОК.

Дабевска претходно настапуваше за Дева од Романија, го носеше дресот и на некогашниот европски шампион – унгарскиот Дунајварош, а беше дел и од грчкиот Јонијас.

Во Македонија играше за Универс од Гостивар, Металург, Куманово и Пелистер. Со дел од македонските клубови учествуваше на европска сцена.

Дресот на клубот од Солун го носи и повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска.